Црната кожна јакна која кралот на поп музиката, Мајкл Џексон ја носеше на првата соло турнеја „Бед“, ќе излезе на наддавање во ноември годинава. Според првите проценки, јакната може да стигне до цена од 100 илјада долари. Јакната, на чиј грб е неговиот личен потпис, Џексон ја носеше на концерти од 1987 до 1989 година.

Инаку, црвено црна јакна која ја облекол во спотот „Трилер“ беше продаден на наддавање за сума од 1,8 милиони долари во 2011 година. На лицитацијата, која ќе се одржи на 10 ноември во „Хард Рок Кафе“ на Тајмс Сквер во Њујорк, ќе се продаваат и  електричните гитари со кои настапувале Боб Дилан, Пол Мекартни, Ерик Клептон и членовите на У2, Боно и Едџ.

Loading...

Shpërndaj me