Засега од мерките за намалување на јазот помеѓу богатите и сиромашните на сила е само воведувањето на прогресивниот данок. Од Владата се убедени дека оваа реформа дава резултати, иако официјалните бројки на невладиниот сектор се дека нееднаквоста е намалена само за минимални 0,6 отсто. Што се однесува  до останатите најавени мерки за оданочување на луксузот и за поправично плаќање данок, Владата вели дека ќе ги спроведе.

„Ние апсолутно сме посветени. Тоа што го има во програмата ние го реализираме. Праведното оданочување наспроти многу кои даваа апокалиптични сценарија, дека луѓе ќе се иселуваат, дека фирми ќе се отвораат во странство тоа не се случува“, изјави Драган Тевдовски, министер за Финансии.

Од Народната Банка пак велат дека добро е тоа што Џини индексот, кој ја мери сиромаштијата покажува дека јазот помеѓу богатите и сиромашните стагнира или минимално се намалува, што не е така и во светски рамки.

„Во последнава деценија, по ескалацијата на глобалната економска криза во светски рамки се забележува тренд на раст на нееднаквоста во општествата. Особено ова е случај во американската економија“, рече Анита Ангеловска  Бежоска, гувернерка на НБРМ.

Инаку, главни програмски определби на СДСМ беа „Живот за сите“ и „Едно општество“. Сепак, ако се суди според социјалните мрежи, на средина од мандатот има незадоволство од слабата реализација на најавените проекти кои беа ветени за достоинствен живот. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика велат дека сиромаштијата во Македонија во 2017 била 22 отсто, односно секој петти жител во земјава не може да ги оствари основните животни потреби. Во моментов тече социјалната реформа со која се планира над 30 илјади семејства да излезат од сиромаштија, а процентот на сиромашни граѓани драстично ќе се намали.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...