Во Јавното обвинителство е пристигнато известување за незаконско постапување при спроведување на постапката за набавка на личните документи потврдија за Алсат од обвинителството.

Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција:

„Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од Министерството за внатрешни работи е пристигнато известување по добиени сознанија за незаконско постапување при спроведување на постапка за набавка на документација за лични документи. Известувањето е распределено за постапување кај јавен обвинител кој веднаш презеде активности за расветлување на изнесените наводи.”

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи ја затвори телефонската линија што се користеше за закажување на термините за пасоши. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наце Чулев рече дека во резервите во моментот има околу 3.700 пасоши, кои можат да се издаваат самосо  посебни барања за итните случаи на граѓаните. Чулев повтори дека овој проблем го наследил од неговиот претходник во МВР, Оливер Спасовски.

Министерството за внатрешни работи се обидува да најде привремено решение за недостатокот на пасошите. Алсат дознава дека една од опциите што МВР  ги предложило на Владата е со апостилски печат да се продоложи рокот на пасошите додека стигнат новите. Неофицијално, МВР бара преку известување од Министерството за надворешни работи, апостилскиот печат да биде препознаен од другите држави за 16.500 граѓани кои аплицирале преку редовната постапка и 650 преку брза постапка, кои нема да можат да добијат пасоши се до крајот на март.

Но, од Владата рекоа дека ова прашање нема да се дискутира на седница.

Влада на РСМ

“Прашањето за решавање на патните исправи не е ставено на дневен ред на денешната седница на Владата на РСМ. Ова прашање ќе се дискутира во следната седница.”

Практиката на апостилскиот печат на патните исправи е меѓународно призната во случаите на институционалните кризи, воените ситуации и природните катастрофи. Ваквата практика се користеше во Албанија пред неколку години, и неодамна во Велика Британија по „Брегзитот“ на ЕУ. Во  случајот со Македонија, можноста за истечен пасош преку апостилскиот печат се планира да стане привремено решение за граѓаните кои сега не можат да стигнат до пасоши.

Аднан Ќаили

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...