Од граѓанскиот сектор не се задоволни и од  новиот начин на наплата на извршителите. Тврдат дека и со новите правила работите не се сменети, извршителите наплаќаат огромни суми од граѓаните за виртуелни долгови, иако најавите на владата беа дека драстично ќе се намали наградата која ја добиваат извршителите за едно извршно решение.

Во овој нов трошковник, тие ветуваа дека 20% од главницата на долгот ќе биде максималната награда на извршителите. Значи ако должникот е должен 1.000 денари, најмногу може да плати 1.200 денари. Но, во реалноста тие донесоа нешто сосема друго. Значи 20% од главницата и од каматите. Значи со време каматата расте, на тој начин на извршителот му е во корист да го држи извршното решение за да му се зголеми нему тарифата и условно да ја наречам доаѓаме до една лихварска тарифа.“- изјави Ана Глигорова  Здружение „Човекот над профитот“

Граѓанските активисти поднесоа и иницијатива до Министерството за правда за да се преиспита правичноста на Законот за извршување и реализацијата при извршните решенија врз физички лица. Побараа нивните правила да важат само за главницата на долгот и тоа ретроактивно, а не само за нови случаи. Но, велат наместо решение, добиле траги-комичен одговор.

Јас ги прашувам за ревизија на извршителската работа, а тие ми праќаат граѓански законик. Ќе се зачудите кога ќе го прочитате тоа. Тоа е нешто многу чудно…“ – изјави Ана Глигорова  Здружение „Човекот над профитот“

Освен ретроактивност, активистите бараат комплетна ревизија на работата на извршителите во последните 10 години. И доколку се откријат неправилности во нивното работење тие да се вратат да работат во судот  како државни службеници за плата. Ставот пак, на Комората на извршители е дека со новиот закон и начин на наплата драстично им се намалила заработката и биле принудени да отпуштат голем број на вработени во оваа дејност. Јавноста жестоко реагираше на случаи кои неодамна се појавија на социјалните мрежи каде се гледа дека за долг од неколку денари, извршител наплатил повеќе од двесте евра.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...