Без новинари, премиерот Зоран Заев заедно со неговите адвокати ги слушаа денеска снимените разговори од посебните истражни мерки за случајот „Поткуп“ каде тој е обвинет. Ги прегледале и разменетите СМС пораки. Откако рочиштето заврши, Заев посочи дека во разговорите немало индиции за сторен криминал или договорање поткуп.

Адвокатите посочија дека се уште ја чекаат одлуката на Аплелација дали целосната снимка од неговата канцеларија за која тие тврдат дека парцијално е објавена на Ју Тјуб каналот. Инаку според обвинителството, Зоран Заев како градоначалник побарал мито од 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов за легализација на земјиште. Судењето продолжува на 30 април.

Shpërndaj me