Јавниот долг годинава ќе се зголеми за околу 500 милиони евра, но министерката за финансии Нина Ангеловска смета дека состојбата полека се стабилизира. Битно според неа е како ќе се инвестираат позајмените пари.

И во следните две години е предвидено јавниот долг да расте, но Ангеловска потенцира дека задолжувањето ќе биде умерено. Во апсолутни бројки годинава од пет и пол јавниот долг ќе достигне шест милијарди евра.

„Јавниот долг оправдано се зголемува само ако квалитетно се зголемува, ако средствата кои се инвестираат дадат фискална мултипликација, односно како што вели Светската трговска организација за еден денар да се врати четири денари“, вели министерката Ангеловска.

Според владиниот план годинава се предвидени задолжувања од странство во висина од речиси 600 милиони евра. Но и ќе треба да раздолжува стари обврски во висина од 440 милиони евра. Од домашните банки пак Владата планира да се задолжи без малку 550, а да им се раздолжи со 265 милиони евра.

Ланската година заврши со јавен долг од 5,5 милијарди евра што претставува задолженост на земјава од 48,9 отсто од БДП. Во 2018та пак јавниот долг пораснал за близу 340 милиони евра.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...