Јавниот долг на Македонија во 2018 се зголемил во однос на 2017 и достигна 49 отсто од БДП, се посочува во најновиот извештај на Светска Банка за земјите од Западен Балкан. И покрај тоа што задолжувањето расте, а во повеќето држави од опкружувањето се намалува, економистите од оваа меѓународна финансиска институција не се загрижени и велат дека нивото е на умерено ниво и сметаат дека јавниот долг годинава ќе достигне над 51 отсто од БДП.

Најавата за зголемување на минималната плата ја оценуваат како потег кој негативно ќе влијае врз текстилната индустрија. Македонија во однос на земјите од Западен Балкан бележи најниска продуктивност. Во извештајот е нотирано и дека вработеноста се зголемува со забрзано темпо, но ги загрижува големиот број на неактивно население кое не бара работа,  ниту посетува некаква обука, ниту пак се едуцира.

Позитивно за економистите од Светска Банка е тоа што платите во приватниот сектор растат, а интересно е тоа што во извештајот по подолго време нема ниту збор за растот на бројот на  административци, проблем за кој експертите од Светска Банка во секој извештај имаа по некоја препорака.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...