Малкумина знаат дека помеѓу многуте клубови, казина, ресторани и луксузни хотели во Лас Вегас се крие „тајна“ ботаничка градина која е вистински одмор за очи. Извршниот директор Џери Боулен и дизајнерот Ед Либи  успеале да создадат бајковито место кое маѓепсува. Во градината покрај илјадници различни растенија, ќе најдете 9 метарски статуи направени од мов, птици и животни високи над 4 метри направени од разнобојни цветови и други внимателно дизајнирани креации кои воодушевуваат поради големиот број на детали кои ги красат.

 

 

Shpërndaj me