Студенти од Јужна Африка ги произведоа првите тули во светот направени од човечка урина.

Урината која е потребна да се направат овие единствени био-тули, студентите ја собирале со помош на специјално дизајниран писоар на факултетот. Потоа, ја мешале со песок и бактерии, пренесува порталот енаука.

Смесата потоа ја ставале во посебни калапи на собна температура и повеќе не било потребно загревање. Нус производи од целата постапка се азот и калиум кои се многу вредни ѓубрива, па така тулата не е единствена добра работа која е излезена од писоарот.

„За да се направи нешто од материјали кои инаку би пропаднале или не би се искористиле како што треба трикот е во начинот на размислување“ вели д-р Дилон Рандал, супервизор на студентскиот проект на Универзитетот Кејптаун.

Идејата, урината да се употребува за изработка на био-тули е тестирана во САД, но притоа биле користени синтетички суровини. Затоа велиме дека ова е прв пат што се употребува еколошка човечка урина.

Овие био-тули се изработени по природен процес, наречен таложење на микробни карбонати, кој е сличен на процесот на формирање на школките. Слободниот песок се колонизира со бактериите кои произведуваат уреаза, а потоа се меша со урината. Уреазата се разложува во урината и создава калциум карбонат кој го стврднува песокот и му овозможува да се обликува.

И додека конвенционалните тули мораат да се загреваат на 1400 степени Целзиусови при што се ослободува голема количина на јаглерод диоксид, био-тулите не бараат дополнително загревање

Д-р. Рандал урината ја нарекува течно злато. Голем дел од фосфорот во урината може да се претвори во калциум фосфат, кој е главна состојка на добрите ѓубрива, а тежок да се набави.

Благодарение на ова истражување изгледа дека одржливата конструкција од вакви тули е возможна.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me