Ѓонул Бајрактар ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика. Овој е заклучокот на владата, усвоен на денешната седница откако ВМРО ДПМНЕ не предложи друг кандидат кој би ја заменил разрешената министерка, Рашела Мизрахи.

Влада

„Во ставот 2 од членот 48 од Законот за организација на работата и органите на државната управа се вели дека заменик-министерот го заменува министерот во случаи кога тој е отсутен или заради болест или други причини не е способен да ја извршува својата функција, со сите свои овластувања“.

Од владата за Алсат изјавија дека со овој Заклучок, како што предвидува Договорот на Пржино, заменик- министерот Бајрактар ќе ги преземе сите надлежности на министерката Мизрахи, но за донесените одлуки треба да добие и потпис на дополнителниот заменик/ министер, Санела Шријел. Во врска со случаите кога министерот нема да може да раководи со министерствата, Собранието на 26 јули 2019 година направи автентично толкување на член 48 став 2 од Законот за организирање на работата на државната администрација. И во овој случај, констатирано е дека надлежностите му припаѓаат на заменик/ министерот.

Автентично толкување на Собранието (26 јули 2019 година)

Собранието донесе одлука дека одредбата од членот 48 став 2 од Законот за организација на работата на органите на државната управа … мора да се толкува така што според термините “Други причини” и “сите негови овластувања ” се подразбираат околности кога заменик министерот, во случаи кога министерот е разрешен или  си даде оставка, може да ги преземе сите овластувања и одговорности, соодветно заменик министерот може да достави подзаконски акти и други акти за кои е утврдено овластување за одобрување со закон. Тој може да врши и други овластувања, права, обврски и одговорности што се во согласност со закон во надлежност на министерот. “

Од МТСП велат дека од разрешувањето на техничката министерка од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Мизрахи до сега, се функционирало нормално. Дури, на вработените им биле пуштени парите и се извршени сите други исплати што министерството е должно да ги прави. Техничката министерка Мизрахи беше разрешена еден ден пред распуштањето на Собранието со предлог на премиерот Оливер Спасовски, под обвинение дека го прекршила Уставот и Преспанскиот договор.

Mefail Ismaili

Loading...

Shpërndaj me

Loading...