Од денеска Жозе Мурињо не е тренер на англискиот клуб, Манчестер јунајтед. По две и пол години на кормилото на „црвените ѓаволи“, управата на клубот му врачи отказ!

Португалскиот стратег имаше и нарушени односи со неколку фудбалери меѓу кои со Пол Погба па атмосферата во тимот не беше на потребното ниво.

„Клубот сака да му се заблагодари на Жозе за неговата работа во Манчестер јунајтед и да му посака успех во иднина“, стои во соопштението на Манчестер јунајтед.

Тие ќе назначат привремен тренер до крајот на сезоната и ќе влезат во потрага по нов менаџер за новата сезона.

Loading...

Shpërndaj me