Како и сите други форми на лекување и трансфузијата на крв треба да се применува само тогаш кога навистина е неопходно, односно кога не постои можност за подеднакво ефикасно алтернативно лекување.

Трансфузијата е проста медицинска процедура која лекарите ја употребуваат за дополна на губиток на крв после повреди и крварење и за дополна на крвни клетки во случај истите да не се создаваат.

Крвната група е наследна од родителите со подеднакво влијание на мајката и таткото. Црвените крвни зрнца – еритроцитите однадвор се обложени со различни супстанци (проеини, јаглени хидрати, гликопротеини) наречени антигени.

Постојат три главни антигени, А,Б и O, а можните комбинации на крвни групи во зависност од тоа се А, Б, АБ и O.

Лицата кои имаат O или “нулта” крвна група се универзални дарители, бидејќи оваа крвна група можат да ја примаат сите. А крвна група можат да ја примаат лицата кои имаат А и АБ крвна група, крвната група Б лица кои имаат Б и АБ крвна група. АБ крвната група е универзален примач.

Важно е да се напомене и дека лицата со негативен Rh фактор можат да примаат само крв која одговара на крвна група со негативен Rh фактор, додека лицата кои се Rh позитивни можат да ја примат соодветната крвна група и со позитивен и со негативен Rh фактор.

Тоа значи дека ако лицето кое има АБ крвна група прими крв од било која крвна група, нема да настане проблем. Ако лицето кое ја има крвната група нулта прими нешто друго освен неговата, многу е веројатно дека ќе се појави хемолитичка трансфузиска реакција.

Поточно, имунолошкиот систем на лицето кое прима крв ги напаѓа клетките од донираната крв, истит се кинат и распаѓаат, се ослободуваат опасни соединенија и лицето може сериозно да настрада.

Може да дојде до откажување на бубрези, најпрво урината станува црвенкаста, а потоа бубрезите сосема престануваат да работат. Покрај бројните компликации, лицето може да падне во кома или да умре.

Во случај на трансфузија со погрешна крвна група, смртноста е исклучително висока доколку изостане итното лекување, а изразена е дури и доколку веднаш се реагира.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me

Loading...