Годината 536-та, кога Европа и Азија, заедно со Средниот исток ги зафатила мистериозна магла, после што следувало 18 месеци мрак, била најтешка за човештвото, тврди експертот од Харвард, Мајк Мекормик.

Според најновите истражувања, мистериозната магла најверојатно била предизвикана од ерупција на вулкан на Исланд. Како резултат на што голем дел од северната полутопка била прекриена со пепел. Снегот што тоа време паднал на територијата на денешна Кина предизвикал неколкугодишен период на глад заради уништување на посевите. Летната температура паднала за 2,5 степени и подобрување на условите немало се до 640-тата година.

Сепак, дел од историчарите тврдат дека најтежок период за Европа била 1349-тата година, кога низ Стариот континент завладеала чумата, а други сметаат дека шпанската грозница од 1918 – тата сепак бил најмрачниот периот во европската историја.

Loading...

Shpërndaj me