Сите ние утрото го почнуваме со звукот на алармот. Но, сепак, се случува понекогаш да се разбудиме пред него и тоа не неколку минути, туку и по еден до два часа. Е сега, прашањето е што да се прави во тој случај?

Еден од лекарите на клиниката  „Mayo” во САД, Тимоти Моргенхалтер, вели дека првото прашање кое треба да си го поставите е – дали сакате да спиете се уште? За да одговорите полесно, треба да знаете дали сте имале доволно часови сон. На повеќето возрасни им треба од 7 до 8 часа сон дневно и според Националниот Институт за Здравје не постои начин да го заобиколите тоа.

Има две состојби кои се препознатливи во овој случај:

-првата е наречена хоместаза, односно тоа значи дека телото ве форсира да спиете подолго бидејќи не сте му го дале сонот кој му е потребен.

-втората состојба е одредена од деноноќниот ритам или внатрешниот биолошки часовник, кој е одговорен за нашиот замор во вечерните часови, кој е посилен, за разлика од утрото или попладнето.

Така што, доколку сте се разбудиле многу рано, тоа е природен начин на телото да ви каже дека му е доволно сон. Ова важи во случаите кога сте имале минимум седум часа сон. Ако пак сте спиеле помалку од тоа, пробајте да затворите очи и да му дадете уште некој час сон на телото, кој ќе ја обезбеди енергијата за денот кој следи.

Никогаш не треба будењето пред часовникот да го сфаќаме како негативна работа од причина што најубаво е кога ќе се разбудиме сами. Природниот начин на телото да ни каже дека му е довоно сон и време е да се почне денот е тоа што ни треба. Само една работа да ја имаме на ум – да легнеме малку порано.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...