Изненадувачка ситуација со еден од најдобрите македонски фудбалери, Аријан Адеми непосредно пред почетокот на синоќешниот натпревар против Лихтенштајн.

По долука на селекторот Игор Ангеловски, Адеми беше тргнат од составот на македонскиот тим во последен момент. Првите луѓе на тимот објаснуваат дека таквиот чекор следувал откако кај играчот биле забележани  проблеми со срцето и несоница, ноќта пред натпреварот.

Мораше да играме без него. Адеми синоќа доби тахикардија, имаше несоница па за жал не беше подготвен да ни помогне“ – истакна селекторот Игор Ангеловски.

Очигледна беше и загриженоста во македонскиот табор во текот на вчерашниот ден пред мечот со Лихтенштајн поради здравствените проблеми на фудбалерот од средниот ред.

На крај, воопшто не е важно дали Адеми го пропушти мечот со Лихтенштајн, туку одговорите на прашањата колку и како појавените проблеми со срцето може да влијаат врз натамошниот тек од кариерата на Аријан Адеми!

Што вистински се случува? Колку тоа е сериозно? Како сето тоа може да се одрази на неговата професионална кариера? Се дел од прашањата кои мора да добијат одговор во блиска иднина! Пред се заради самиот Аријан Адеми!

Loading...

Shpërndaj me