Поимот еротски капитализам го вовела Катерина Хаким, британски социолог и експерт во областа за вработување на жени и женски проблеми. Поимот еротски капитализам се однесува на женскиот успех во областа професионален ред, љубовен и социјален живот и во глобала, сите аспекти од животот, пренесува енаука.

Нејзината книга „Honey Money: The power of Erotic Capital“ предизвикала контраверзии заради идејата дека жената треба да ја искористи својата убавина и сексапил доколку сака да напредува, пред сè на професионално поле.

За да не и судиме книгата по нејзините корици, што е точно еротски капитализам и што се наоѓа во позадина на оваа идеја?

Еротски капитализам е комбинација од убавина, социјални вештини, добро чувство за мода и облекување, физички изглед, сексапил и сексуална компетентност. Авторката тврди дека жените имаат повеќе простор за тоа, бидејќи мажите повеќе од нив размислуваат за секс.

Во текстот насловен “Атрактивноста победува, а грдотијата губи во денешната трка за престиж”, објавен во списанието Evening Standard, Д-р. Хаким објаснува: “Денес, добиените финансии, поради атрактивност се еднакви на оние стекнати заради квалификации. Денес многу жени сметаат дека убавината е еднакво важна колку и образованието. Оние кои поседуваат еротски капитал се во голема предност. Му се смеат на светот и светот им возвраќа подеднакво.”

Пораката на авторот е жените да водат грижа за себе, за своето здравје и своето тело и тоа нека го покажат на целиот свет, наместо да ја потиснуваат својата женственост.

Им порачува на сите жени, посебно на оние кои немаат други вредности дека потполно легитимен облик за сопствен напредок е извлекување на најдоброто од нив е еротскиот капитал.

Авторот е често погрешно сфатена и етикетирана како личност која се залага за сексапилот како единствена опција за современата жена да напредува во сите аспекти на својот живот,но, самата дефиниција на авторката го побива тоа.

Таа ја поддржува карактеризацијата на Шопенхауер “импресивен ефект” на младата женска убавина и сексапил и ни дава меѓукултурална статистика за да докаже дека сексапилот на жената не само што е поголем од сексапилот на мажот, туку е и потценет.

Факт е дека човечкото око ја сака еротската уметност. Факт е дека атрактивните луѓе побрзо добиваат шанса за работа, побрзо напредуваат и повеќе заработуваат. Дали ова е неправедно?

Атрактивна личност која зрачи, која е насмеана и има одредена доза на самодоверба, повеќе ќе допринесе во компанијата во која е вработена, посебно ако работи со клиенти.

Да се бориме против бенефициите на атрактивниот изглед? Потполно да ја занемариме женственоста? Да бидеме лицемерни кон луѓето со добар изглед? Да ги осудуваме истите? Останува на нас.

Shpërndaj me