Огромниот број на информации кои секојдневно ги примаме и динамичниот начин на живот кај секого предизвикуваат проблеми со меморијата. За да си ја подобрите, несомнено треба да го одржувате мозокот активен и во добра кондиција.

Дали сте слушнале за невробикот?

Терминот „невробик“ е воведен од страна на американците Лоренс Кац и Менинг Рубин и претставува подобрување на интелектуалниот капацитет на мозокот преку систем од вежби.

Невробик вежбите се разликуваат од другите типови вежби за мозок, како логички сложувалки, крстозбори, судоку, игри за меморија и сл., токму поради тоа што ги користат човечките сетила и тоа на нов начин, за да го поттикнуваат мозокот да создава нови асоцијации меѓу различните типови информации.

„Мозокот сака новости. Не мора тоа да биде нешто комплицирано“ – рекол Кац. Следниве вежби се токму тоа, едноставни, но нови за мозокот.

Исклучете ги светилките

Навечер, исклучете ги светлата и да се обидете да се движите низ вашиот дом активирајќи ја вашата меморија и вашето сетило за допир.

Вклучете ја и другата рака

Редовно ги миете забите со десна рака? Сега започнете да ги миете со левата (левичарите обратно). За многумина ова е многу тешка вежба и бара целосно внимание првиот пат кога ќе се обидувате да ја направите. Овие вежби активираат многу врски на „другата“ страна од мозокот кои обично не ги користите и поради тоа при нивното извршување ќе се чувствувате чудно.

Без звук

Пуштете го телевизорот, но исклучете го звукот. Обидете се да разберете за што се зборува според изразите на лицето и движењето на устата на оној што говори.

Нов пат

Пронајдете нов пат до вашето работно место. Патот не мора да биде подолг, туку само различен од досегашниот. Ако одите на работа со градски превоз, обидете се да ги затворите очите и да си го замислувате патот по кој поминувате. Отворајте ги очите само за да видите колку успешно се справувате со вежбата.

Таинствена монета

Ова вежба за мозокот можете да ја правите насекаде. Земете неколку монети или банкноти и затворете ги очите. Изберете една монета или банкнота и обидете се со помош на допир да одредите колкава нејзината вредност.

Нова средина

Посетете место каде никогаш не сте биле. Ако немате можност да го сторите тоа, одете во нова продавница кога треба да пазарувате. Новите визуелни дразби се добар тренинг за мозокот и ја забавуваат деменцијата поврзана со годините.

Модно разнообразие

Облечете си нови алишта или пробајте нови комбинации кои не сте ги носеле досега. Докажано е дека тоа не влијае само на емоционалната состојба на човекот, туку и на неговото размислување. Пробајте, можеби различниот изглед ќе ви донесе нов начин на размислување. Дури и несвесно

Покрај тоа што ќе ви помогнат во подобрувањето на работата на мозокот, овие вежби се и многу забавни.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...