Наместо карго аеродром во Штип концесионерот на македонските аеродроми ТАВ Македонија за да го задржи бизнисот ќе има обврска да гради канализации, водоводи,  градинки, училишта и слични проекти кои се во интерес на граѓаните, вели за Алсат министерот за економија Крешник Бектеши. Вкупната вредност со која требаше да се гради аеродромот е 35 милиони евра, но анализата на владата покажала дека нема економска оправданост во тој проект и затоа парите ќе бидат пренаменети за други цели.

„Ние како влада мислиме дека подобро би било овие средства да се трансферираат во проекти кои се од јавен интерес. Имајќи во предвид дека ние како држава, канализација и водоводи немаме ниту 30 отсто од територијата на државата, а ние веќе имаме современ аеродром во Скопје кој може да користи и за карго цели“-изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Од ТАВ Македонија велат дека немаат никаков проблем со пренамената на средствата, нивна обврска било да вложат во Македонија 35 милиони евра. За нив е важно да продолжат да работат во земјава. Властите сега очекуваат општините да достават реални проекти до министерството за економија со кои би аплицирале за дел од средствата со кои ќе се гради канализацијата и останатите проекти. Инаку концесијата на ТАВ Македонија е заклучно со 2030 – та година, а веќе имаат побарано од владата продолжување на соработката. Од 2010, од кога стопанисува ТАВ со двата аеродроми во земјава инвестирале 120 милиони евра во аеродромска инфраструктура, а за концесии на државата и дале речиси 50 милиони евра.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...