Шпаркасе банка потпиша договор со Европската банка за обнова и развој за воведување на кредитна линија за подршка на малите и средни бизниси. Компаниите со своите бизнис проекти можат да аплицираат за дел од колачот вреден 10 милиони евра. Оваа кредитна линија е интересна за фирмите бидејќи може да добијат гранд или поврат на инвестицијата од 15 отсто, соопштија од Шпаркасе банка.

„Оваа линија е многу интересна за малите и средни претпријатија.За обнова на технолошкиот процес , унапредување на ефикасноста на производството, што резултира со поголема подготвеност за пазарите на Европската Унија. Ги повикуваме сите заинтересирани компании кои имаат добри проекти да се јават во „Шпаркасе Банка“ да можеме детално да ги презентираме оваа линија на кредитерање“, рече Саша Боко, член на У.О. на Шпаркасе банка.

Loading...

Shpërndaj me