Познатиот фестивал „Сан Фермин“, познат по трката со бикови започна во Памплона, со традиционалниот огномет. Врвот на фестивалот е трката со бикови додека во текот на деветте дена, ќе има разни традиционални настани. Властите очекуваат настанот да го посетат околу еден милиони љубители на фестивалот.

Фестивалот „Сан Фермин“ стана познат поради големиот писател, Ернест Хемингвеј кој го опиша во својата новела од 1926 година „И Сонцето изгрева“.

Осум дена по ред, почнувајќи од денеска, храбри учесници ќе трчаат заедно со биковите на патеката долга 850 метри до арената за борби. Четворица Американци и тројца Шпанци добија потешки повреди минатата година при трката со биковите.

Во меѓувреме, активистите за правата на животните го критикуваат фестивалот и го нарекуваат мизерен, но љубителите на трка со бикови велат дека се работи за традиција на „Сан Фермин„ која треба да се чува. Борбата со бикови е под заштита на шпанскиот устав, како дел од културното наследство во оваа земја.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me