ПМФЛ почна со згуснатиот распоред на натпревари кои ќе се играат во недела и во среда. Во 27 коло најубедлива беше Шкендија која на гости со 6:0 го совлада Пелистер. Тоа што најмногу го израдува тренерот Ќатип Османи е тоа што Шкендија стигна до 22 победа, 15 без примен гол, а сето тоа направи да им аплаудираат публиката во Битола.

„Доминантна и убава игра која резултираше со 6 гола. Секако дека не радува секоја победа, но денеска сме среќни за начинот на кој победивме. Постигнавме шест гола со прекрасни акции, нешто што се обидуваме да го направиме секогаш. Ме радува фактот што Шкендија постигнува голови и со други играчи освен тие што сме навикнати да ги гледаме како даваат голови“, рече Османи.

Ренова постигна важна победа за опстанок, победувајќи ја Победа со 2:1. Фатјон Јусуфи верува дека овие три бода се спасувачки за тетовскиот тим.

„За нас е важен резултатот. Многу беше важно трите бода да останат во Тетово. Не беше важно кој ќе постигне гол, важно беше трите бода да останат во Тетово. Се покажавме поконкретни пред голот и победата беше повеќе од заслужена за нас. Фактички ова се три бода за спас“, изјави Јусуфи.

ФК Шкупи немаше среќа, бидејќи одигра само 1:1 против Вардар. Шкупи имаше предност од 1:0 до последните секунди од дополнителното време, кога Вардар израмни на 1:1. На другите средби, Работнички стигна до втората победа под водството на Ѓоре Јовановски, победувајќи го Скопје во Автокоманда со 1:0, а Силекс и Академија Пандев одиграа нерешено 0:0.

Махир Тачи

Loading...

Shpërndaj me