На патот на тетовскиот тим оваа сезона пречка беше Розенборг, кој по победата дома со 3: 1, дојде и до победа од 2-0 и во Скопје, на натпревар на кој Шкендија промаши два пенали. Тренерот Ќатип Османи смета дека неговиот тим е квалитетен, но му недостигаат силни натпревари во текот на годината за да може да биде конкурентен во европските купови

“Причина зошто Шкендија изгуби по трет пат во плејофот е фактот што во македонското првенство не е доволно само силна Шкендија или Вардар, бидејќи нема квалитетни натпревари со повеќе од два тима, затоа ни требаат по квалитативни тимови за да играме во Лига Европа”, рече Османи.

Тренерот на Розенборг, Рини Кулен, беше задоволен од победата и пласманот во Лига Европа.

“Треба да се ценат одбранетите пенали. Нашиот голман беше брилијантен и имавме среќа. Но, најважно е дека одиме понатаму. Ја постигнавме целта во Скопје против еден квалитетен тим”, изјави Рини Кулен, тренер на КФ Розенборг.

Освен Розенборг, на патот на Шкендија кон групните натпревари во Лига Европа, во последните години беа Генти и Милан.

Махир Тачи

Loading...

Shpërndaj me