Тимот на Шкендија во моментов е најскапиот тим во Првата фудбалска лига во Македонија. Според специјализираниот сајт „Трансфермарк“ вредноста на тетовскиот тим е 6,8 милиони евра и е пред Вардар со 5,73 милиони евра. На третото место е Работнички, пред ФК Шкупи, Академија Пандев, Победа, Ренова и Силекс. На последните две места се Беласица и Македонија Ѓорче Петров. Рангирањето се базира на вредноста на играчите во тимот, а Победа е на прво место по бројот на професионални фудбалери, со вкупно 25 – мина, додека на последно место е Академијата Пандев со само 21 играчи. Најмногу странски играчи имаат ФК Шкупи, девет, пред Вардар со осум и Шкендија со шест.

Loading...

Shpërndaj me