Шкендија со 5-0 ја победи екипата на ТНС од Велс и ја запечати квалификацијата за следниот круг во Лигата на шампионите уште со првиот натпревар. На Стадионот „Филип Втори“ во Скопје „црвено-црните“ од Тетово доминираа за време на целиот натпревар. Изаир Емини го постигна првиот гол за Шкендија во Лигата, а потоа следуваа и останатите радосни моменти. Бесарт Ибраими ги даде останатите четири голови. Тренерот Ќатип Османи беше воодушевен по натпреварот, но предупреди дека на реваншот на 17 јули во Велс некои од главните играчи може да останат на резервната клупа.

„Шкендија покажа квалитетна игра која заврши со 5:0. Иако во некои моменти, кои беа ретки, направивме грешки, многу брзо се вративме во игра. Секако дека сум среќен, но пред нас е натпреварот во Велс каде овој резултат треба да се потврди“, изјави Ќатип Османи, тренер на ФК Шкендија.

„Верувам дека против Њу Сејнтс одигравме добар натпревар. Сите играчи го дадоа максимумот и дојдовме до позитивниот резултат од 5:0. Можеше да се постигнат уште повеќе голови, но задоволен сум од овој резултат“, вели Бесарт Ибраими, напаѓач на ФК Шкендија.

Shpërndaj me