Владата на последната седница го овласти Министерството за финансии да побара финансиска помош од Европската банка за обнова и развој за спроведување на проектот „Bus Rapid Transit“, за кој се очекува да чини околу 100 милиони евра. Проектот предвидува создавање коридори резервирани исклучиво за електричните или хибридните автобуси на територијата на Скопје. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, изјави денеска дека очекува реализацијата на овој проект да започне во февруари следната година, и дека најголемиот дел од истиот ќе биде финализиран во рок од една година.

Според градоначалникот на Скопје, реализацијата на проектот првично била планирана во фази, но тоа нема да се случи. Шилегов вели дека лентите ќе се градат паралелно од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и од Кисела Вода до Бутел.

Преку овој проект, Град Скопје планира да набави 60 автобуси со кои ќе се заменат 40% од тековните автобуски линии. Според Шилегов, билетот нема да чини повеќе од 40 денари, додека просечната брзина на автобусот ќе биде околу 40 км на час, а тие ќе бидат долги 24 метри.

Еви Шкопи

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...