Германско-хрватскиот конзорциум кој во следниве 35 години ќе стопанисува со скопската депонија Дрисла ќе биде под силен надзор на институциите, уверува градоначалникот Петре Шилегов. Точно ќе се знае што ќе се гори во печките и како ќе се справува со отпадот кој доаѓа во депонијата, вели Шилегов за Алсат. Тој уверува дека Дрисла повеќе нема да биде загадувач на главниот град. Иако не е дел од условите тој се надева дека од отпадот, градот може и многу да профитира.

„Мојата желба е на крајот на денот да успееме, иако тоа не е предмет на тендерската документација, Градот Скопје да добие погон за производство на електрична енергија, а енергенсот ќе биде токму отпадот што го создаваат скопјани“, рече Шилегов.

Во со-сопствеништво на конзорциумот е и Хрватот Петар Припуз. Тој во неговата земја бил апсен за местење тендери и за злоупотреби при управување со отпад. На оваа информација имаше жестоки реакции од опозицијата во земјава, но Шилегов вели дека нема што да стори тука, бидејќи оваа компанија првично е одбрана од претходната власт која сега се противи во изборот.

„Претходната градска управа го избра тој лик или тој човек или тој корзорциум, да може да биде дел од постапката која ја има Дрисла. Ниту тоа е избор на градоначалникот актуелен на Град Скопје, но правната позиција е таа. Така што и едната и другата фирма се избор на претходната градска власт, она што ние го менуваме од порано е што ќе инсистираме на стриктен договор и целосно исполнување на договорот“, додава Шилегов.

Германско-хрватскиот конзорциум предводен од компанијата „Шолц“ влегува во игра во депонијата Дрисла откако Град Скопје  одлучи да се раскине договорот со италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“. Италијанската фирма имаше обврска да вложи во Дрисла 70 милиони евра. но од тоа ништо не се случи.

Управниот суд веќе еднаш ја укина одлуката на Град Скопје, италијанската фирма Амбиенте да биде партнер на локалната власт во бизнисот со справувањето на отпадот. Но и покрај ваквата одлука на судот, екс-градоначалникот на главниот град Коце Трајановски поддржан од советниците од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја донесе иста одлука.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...