Прекинати се работите околу панорамското тркало во реката Вардар. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека Скопје нема потреба од такво нешто и дека за среќа не е платено ништо за овој проект бидејќи договорот со компанијата „Бетон“ е поништен. Првиот човек на Скопје додаде дека последните врнежи покажале колку се опасни градбите од проектот „Скопје 2014“ за жителите.

“Последните дождови покажаа дека мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ станува реална опасност за безбедноста на граѓаните на Скопје и нивните имоти. Во јавноста се презентираше неговата корисност за наводен развој на туризмот во Скопје, а изминативе неколку дена потврдија дека оваа слика не само што не го развива туризмот туку претставува опасност за безбедноста на целиот град, рече Шилегов на денешната прес-конференција.” – изјави Петре Шилегов

Loading...

Shpërndaj me

Loading...