Борачот Бесир Алили по големиот успех во Фаенца, Италија каде го освои златниот медал на европското кадетско првенство во борење во слободен стил, денеска беше свечено пречекан во АМСМ. Првиот човек на Агенцијата, Дарко Каевски истакна дека Алили постигнал огромен успех и дека заслужува благодарност.

Тренерот Суфијан Исмаили верува дека оваа генерација ќе постигне и подобри резултати во иднина.

Суфијан Исмаили- тренер на Македонија за кадети

„Оваа година успеавме да освоиме златен медал. И другите борачи беа блиску до медал, двајца до бронза, но не успеаја да се закитат. Верувам дека во иднина ќе донесат уште многу одличја.

Репрезентативците беа примени и од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој вети дека Градот ќе му даде финансиска поддршка и на клубот и на борачот.

Бесир Алили како европски шампион ќе настапи и на СП за младинци, каде ќе се бори за пласман на Олимписките игри.

 Mahir Thaçi 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...