Недостигот на униформи и другите основни услови на војниците влијаат на намалувањето на капацитетите на Армијата. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска најави дека следи постапка на набавка на опрема, како и зголемување на кадарот кај специјалните единици.

Овие коментари Шекеринска ги даде за време на примопредавањето на функцијата командант на Полкот за специјални операции. Од друга страна, застапеноста на Албанците во специјалните единици е сè уште многу ниска. Во специјалната единица „Волци“ Албанците воопшто не се застапени, кај единицата „Ренџери“ ги има само 0,3%, додека во единицата „Шкорпиони“, Албанците воопшто не се застапени или се во многу мал број.

Валмира Зендели

Shpërndaj me