Вицепремиерката Радмила Шекеринска не сакаше да прецизно да одговори дали му била на гости на Боки 13, како што се слуша во објавените снимки. Таа рече дека не треба да се коментира секоја лага со која се прави обид за камуфлирање на криминалот, туку треба да му се отвори патот на обвинителството за да ги фати сторителите. Според неа, иако двајца осомничени се во притвор, лучајот „Рекет“ треба да се расчисти до крај.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска на прес-конференција пред Јавното обвинителство,  побара органите на прогонот да покрене обвинение и за нарачателите од случајот „Рекет“. Според нив, раката на власта е ставена врз правдата и таа овозможила да се случи сето тоа.

Вицепремиерката Шеќеринска ја повика опозициската ВМРО ДПМНЕ дека, доколку тие навистина сакаат да ги поддржат процесите за европска интеграција и владеење на правото, тогаш да гласаат за Законот за обвинителство. Пред два дена, претседателот Стево Пендаровски повика на политичка одговорност. За барањето на шефот на државата, Шеќеринска рече дека оваа Влада е единствената што нема да прави компромиси со организираниот криминал и со корупцијата на високо ниво.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...