Проблемот со недостатокот на пасошите нема да биде решен до крајот на март, најави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. За недостатокот на пасошите, Чулев го обвини својот претходник во министерството, Оливер Спасовски. Министерот за внатрешни работи, Чулев рече дека Спасовски нелегално реализирал тендер за набавка на патните исправи и потпишал договор со германската компанија „Веридос“ за производство на документите за 2016 – 2017 година, во висина од повеќе од 12,8 милиони евра.

Премиерот Спасовски обвинувањата на Чулев ги нарекува приказни. Од него  бара да го реши проблемот со личните документи.

Техничката заменик-министерот во МВР, Славјанка Петровска потврдува дека сите функционери се зафатени со предизборната кампања, но граѓаните не заслужуваат да бидат заложници без патните исправи.

Околу 10.000 граѓани ги чекаат пасошите. Извори на МВР соопштија дека резервите на пасошите се при крај, односно има само 5.000 од типот А и само 300 на двата јазика. Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу рече дека резервите ќе ги искористат за итни случаи, како што се здравствени проблеми или работни визи. Во моментов, 8000 апликации чекаат за пасош на македонски јазик, а уште 2.000 на албански јазик.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...