Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ќе ја информира Владата за проблемот со патните исправи. Во моментов, како што кажа Чулев, 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош, а има само околу 4.900 обрасци. Новата пратка од економскиот оператор „Веридос“ треба да стигне за повеќе од еден месец, па се прават напори да се скрати периодот за нивна испорака. За проблемот со издавањето на лични документи, министерот и денеска вината ја посочи кон неговиот претходник Оливер Спасовски.

„Периодот од нарачка до изработка е шест месеци. Патните исправи не се нарачани во доволен број и навремено. Сега се соочуваме со недостиг и недоволен број на патни исправи. Како МВР ќе излеземе во пресрет на граѓаните во ограничени услови со оглед на ограниечн број на патни исправи. Новата пратка со патни исправи согласно договорот треба да стигне на 24 март оваа година, тоа е за нешто повеќе за еден месец од сега“, рече Чулев.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...