Овој едноставен рецепт доаѓа од Јужна Америка и го освои целиот свет, подгответе го и дознајте зошто.

Потребни состојки:

4 јајца
2 портокали
200 гр ореви, бадеми, лешници или кокос
половина лажица сода бикарбона
100 грама црно чоколадо
200 ml павлака за готвење

Неколку чекори за подготовка:

1. Прво натопете ги портокалите во раствор од сода бикарбона оставете ги да отстојат половина час, а потоа варете околу половина час додека не се омекнат.

2. Добро изблендирајте ги, додајте јајца и ореви, претходно сомелени и малку сода бикарбона. Печете на 200 степени околу 20 минути.

3. На шпорет загрејте ја павлаката за готвење и додадете ја чоколадата додека не се растопи. Префрлете го во сад подготвениот колач и оставете го неколку минути да се олади на собна температура, пред да го ставите во фрижидер. Откако ќе се олади доволно, сервирајте.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...