Вкупниот број од 4.000 видови птици, риби, рептили и амфибиски видови опаѓа исклучиутелно брзо во периодот од 1974 до 2014 година, пишува во извештајот на Ливинг планет за 2018 година.

Моменталното темпо на изумирање на видовите е илјада пати побрзо откако човечкиот фактор е вмешан во екосистемот на планетата, пренесува Си-ен-ен.

Процентот на животинскиот свет опаѓа рапидно во Јужна АМерика и Карибите, со пад од 89 отсто од 1970 година.

Видот кој е загрозен е и африканскиот слон, чиј број во Танзанија се намалил за 60 отсто за само 5 години, од 2009 до 2014 година, поради зголемениот број ловокрадци.

Се проценува дека бројот на поларните мечки ќе падне за 30 отсто до 2050 година поради глобалното загревање, правејќи го нивниот опстанок речиси невозможен.

Loading...

Shpërndaj me