Сте размислувале ли некогаш колкава е можноста на нашиот мозок за складирање на информации, односно колкав е неговиот капацитет, дали сте пробале практично да си одговорите на ова прашање? Резултатите би биле кај секој човек различни, заради индивуалниот момент кој го поседуваме. Многу истражувања низ годините беа спореведувани на оваа проблематика и сите имаа различни резултати, што е логично бидејќи како што напредува технологијата,така се отвораат можности за нови техники на истражување кои вклучуваат напредни програми.

На оваа тема,истражувачи од калифорнискиот институт за биолошки студии, Солк, успеале да го пресметаат капацитетот на меморија кај луѓето така што го анализирале потенцијалот на синапсот, местото за контакт помеѓу два неврона, одговорни за бележење на податоците.

Според британски Телеграф, тимот на истражувачи открил дека доколку секој синпас би бил во состојба да бележи 4,7 бита информации, човечкиот мозок би можел да складира 1.000.000.000.000.000 бајти, односно 1 петабајт. А еден петабајт податок е еднаков на 13.3 години телевизиски HD снимки, 4,7 милјарди книги или 670 милиони веб страници.

Научниците, напоменуваат дека станува збор за теоретска способност за меморирање и дека мозочните архиви се многу помали. Од таму велат дека ова откритие е од голема важност за иднината и човечките можности кои се многу поголеми отколку што ние сме свесни.

Извор-hybread.mk

Shpërndaj me