Ова емотивно писмо го напишала една домаќинка и им го посветила на сите жени во светот. Таа сака своето животно искуство да го сподели со сите нас.

„Мои дами,

Запомнете дека прашината го штити дрвото што се наоѓа под неа. Куќата станува дом кога на мебелот можете да напишете „те сакам“.

Знаев секој викенд да чистам барем по 8 часа бидејќи сакав сè да биде совршено, ако некому случајно му текне да дојде на гости без да се најави.

Конечно, еден ден сфатив дека никој не дојде – сите беа некаде надвор и го живееја својот живот, се забавуваа.

Денес, кога ќе ми дојдат луѓе на гости не морам да им објаснувам дали ми е домот беспрекорно чист или не. Сите се интересираат за мене, за семејството, за работите што ги правам, како живеам, како се забавувам…

Ако ова не го сфативте сами, ве молам да го послушате мојот совет: животот е скапоцен. Уживајте во него. Чистете колку што морате… зарем не е подобро да насликате слика, да напишете писмо, да испечете колачиња, да посадите цвеќе, да ја научите разликата помеѓу САКАМ и МОРАМ?

Чистете колку што морате… но немате премногу време за тоа… има реки кои треба да ги препливате, планини на кои сакате да се качите, музика која сакате да ја слушате, пријателство што сакате да го задржите и живот што сакате да го живеете.

Чистете колку што морате, но животот е таму некаде надвор, со сонцето во вашите очи, ветерот во вашата коса, снегулките на вашето лице, во капките дожд… овој ден нема да се повтори.

Чистете колку што морате, но запомнете… староста ќе дојде, а таа не е љубезна… а кога трошното тело ќе нè напушти, тоа ќе направи уште повеќе прашина…“

Loading...

Shpërndaj me

Loading...