Додека во Кина пандемијата од коронавирусот стивнува, индиските власти ја започнаа најголемата светска изолација. Во своите домови 21 ден ќе мора да останат 1,4 милијарди луѓе. Со ова бројот на луѓе во изолација во светот се искачи на 2,6 милијарди, односно една четвртина од населението е во карантин.

Според Светската здравствена организација околу 85 отсто од новите случаи во последните 24 часа, се во Европа и во САД,

По дводневниот пад на починати во Италија, вчера бројот на починати повторно се зголеми на повеќе од 740. Досега во Италија се регистрирани 6.820 починати, вкупниот број на заразени од почетокот е 69.176, а излекувани се вкупно 8.326.

Италијанскиот епидемиолог и професор по хигиена на Универзитетот во Пиза, Пјерлуиџи Лопалко, процени дека без воведување драстични мерки, билансот на починати ќе беше како во времето на шпанската треска.

„Ковид-19 е доста сличен на заразата од која се разболеле 500 милиони луѓе меѓу 1918 и 1920 година, а починале помеѓу 50 и 100 милиони луѓе. Така би било и денес ако немавме одделенија за интензивна нега и не преземавме драстични мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата“,

Во Албанија досега се регистрирани 146 лица заразени лица, 17 оздравеле,  а 5 починале. Во Косово заболени се 63 лица. Во Србија денеска почина и докторка заболена од вирусот а меѓу новозаразените има и член на српската Влада.

Втора држава  според бројот на починати во Европа и натаму е Шпанија со над 3400 смртни случаи. Инфицирани се повеќе од 40.000 луѓе, а оздравеле 3.800. Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Германија е зголемен на 31.554 и од оваа зараза до сега починале 149 лица.

Америка е земјата која се претвора во ново жариште со над 55.000 заразени, и со над 800 починати. За справување со коронавирусот Белата куќа и Сенатот се договорија за досега најголема стимулација за американската економија во историјата,  два трилиона (2.000 милијарди) долари, за спас на економијата.

– Нашата држава не е изградена за да се затвори. На тој начин можете да ја уништите државата, изјави Трамп за Фокс Њуз.

И наследникот на британскиот престол, принцот Чарлс е позитивен на тестот за коронавирус и сега е во самоизолација во Шкотска.

СЗО соопшти дека до сега 420.000 лица се заболени а околу 18.600 починале.

Весна Велкова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...