Триесет години по трагедијата каде животот го загубија илјадници лица, туристите имаат можност да ја посетат контролната сала на атомската централа „Чернобил“. Денес радиоактивноста во салата е 40 илјада пати повеќе од дозволеното ниво за човечкиот организам.

Љубопитните посетители кои ќе имаат можност да ја посетат 4 – та единица на оваа атомска централа, должни се да облечат заштитна облека и маски. Државната украинска агенција за менаџирање со оваа зона, направи 21 нови туристички патишта за да им излезат во пресрет на големиот број туристи.

Од почетокот на годината, местото го посетиле околу 85 илјада туристи. Катастрофата во атомскиот реактор во Чернобил, Украина се случи  на 26 април 1986 – та година.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...