Поранешниот македонски селектор, Чедомир Јаневски од денес и официјално ќе го предводи тимот на Енозис во Кипар. Според кипарските медиуми, примарна задача на Јаневски е да обезбеди опстанок на тимот на Енозис во кипарската Премиер лига. Јанески, по 9-годишна пауза, се враќа во тимот на Енозис, каде тренер беше од 2009 до 2011 година. Инаку, тимот на „Енозис Паралимни“ моментално е на претпоследното место на кипарскиот шампионат, со само 11 бода после 16 одиграни натпревари.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...