На секој дожд, вака изгледа основното училиште „7 Март“ во Општина Чаир. Иако има само една деценија како е  пуштено во  употреба, не постои дел од училишниот ѕид кој не е влажен и испукан. Вода капе и по ходниците. На многу места се поставени кофи во кој се собира водата и за да се спречи поплавување на подот. За катастрофалната состојба во која се наоѓа училиштето зборуваат и самите ученици кои тука поминуваат 6 или 7 часа во денот. Тие велат дека  честопати се лизгаат и паѓаат поради влажните подови, а наставниците кои зборуваа зад камерите, признаваат дека наставниот процес честопати бил прекинуван поради поплавување на училиштето. Вода капе и во канцеларијата на директорот, но на екипата на  Алсат не и  беше дозволено да снима.

Директорот Халил Палоши изјави дека поплавувањето на училиштето се случува поради пропустите при изградба на училишниот покрив, а што потоа не било поправено и санирано од градежната фирма. Но, оштетување се забележува и на фасадата на училиштето.

 „Училиштето е ново, покривот е неисправен, олуците не се санирани правилно и од олуците капа вода. Училиштето е поделено по проектот на два дела, тие требаше да стават ламарина, тие ставиле ламарина во тој дел, си ставиле малтер и малтерот паднал, и сега изгледа како да е поделен, всушност не е поделен. Додека има дожд, си капе. Кога врне, се ангажираат повеќе, чистат, уредуваат и продолжуваат да учат“.

Директорот Палоши изјави дека училиштето треба итно да се реконструира и дека за ова е известена и Општина Чаир, одговорна за основните училишта. Раководството во училиштето не знаеше да каже која фирма го градела објектот ниту колкава била вкупната цена за објектот. Од Општина Чаир најавија дека утре ќе дадат детали во врска со сите процедури за изградба на училиштата и дали ќе бараат одговорност од градежната фирма.

Melihate Rustemi  

Loading...

Shpërndaj me

Loading...