Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека независна комисија мора да го истражи злосторството против човештвото кое се случило во Газа и дека Израел мора да одговара пред законот.

Говорејќи за израелските напади врз Палестинците за време на демонстрациите во Газа, Чавушоглу изјави дека неговата земја на тој план искажала јасен став и преземала одредени чекори, пренесе Анадолија.

Сепак, Чавушоглу истакна дека тоа не е само прашање на Турција и дека напорите кои ги вложува неговата земја нема да бидат доволни.

Додаде дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на оваа тема разговарал не само со лидерите на муслиманските земји, туку и со папата Франциско, рускиот претседател Владимир Путин и  други лидери.

 

Shpërndaj me