Црвениот крст ќе ги обучува возачите како да укажат прва помош. Организацијата започнува кампања под мотото „Твоето незнаење чини живот“, која ќе трае од 15 јули до 15-ти септември. Бесплатните курсеви ќе се одржуваат во 33 општински организации на Црвениот крст, на кои ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи. Генералната оценка на генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити е дека во системот за обуки за прва помош на возачи постојат аномалии, кои треба да се отстранат за поголема безбедност во сообраќајот.

„Главните причини за сообраќајните незгоди се вбројуваат во брзо возење, непочитување на правила за првенство на минување, недржење страна и правец на движење, непрописно движење и свртување, користење на мобилни телефони и управување по дејство на алкохол“, рече Саити.

Кампањата ќе ги опфати и лицата со посебни потреби, но и учениците во училиштата како идни учесници во сообраќајот. Носители на кампањата се водителката Анита Латифи и манекенката Катерина Ивановска кои ги повикаа возачите да присуствуваат на обуките.

„Секој од нас може да биде жртва или сведок. При пружање на прва помош шансите за прежувување се 80 насто, а незнаењето може да чини живот“, рече Катерина Ивановска, Промотор на кампањата.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во 2017 година имало 155 жртви со сообраќајни несреќи кај нас, а лани тој број изнесувал 133 лица. Но, нема анализа, колку од овие смртни случаи настапиле поради непружање или поради нестручно давање на прва помош.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...