На Хаваи е прогласен црвен аларм за авио-сообраќајот поради огромните облаци од пепел од вулканот Килауеа, откако лавата изби на површината и предизвика низа земјотреси од кој најјакиот беше 4,4 степени по Рихтер.

Земјотресите ги оштетија патиштата и зградите на Големиот остров.

Експертите предупредуваат дека земјотресите можат да поттикнат одрони и да отворат нови тунели низ кои би избила лавата.

Научниците предупредуваат дека се можни поголеми активности на вулканот.

 

Shpërndaj me