Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе побара од својот коалициски партнер, партијата „Независни Грци“ на министерот за одбрана, Панос Каменос, да ја продолжи поддршката на владата, со што би спречил предвремени избори по несогласувањата за договорот за името на Македонија.

Во интервју за грчката национална телевизија, вчера премиерот Ципрас рече дека ќе побара гласање за доверба ако ја изгуби парламентарната поддршка од десничарската „Независни Грци“. Од таму пак, одамна се закануваат дека ќе го отфрлат договорот од Преспа, иако не е јасно дали целосно би се повлекле од владата.

Напоменуваме дека владејачката коалиција во Грција има тесно мнозинство, односно само 153 места во 300-члениот парламент. Седум од тие места им припаѓаат на „Независни Грци“.

Loading...

Shpërndaj me