Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре ќе го извести грчкиот Парламент за постигнатиот договор со премиерот Заев, но нема прецизни информации кога пратениците ќе расправаат по него.

Останува отворено прашањето дали ќе се остварат најавите дека опозициската Нова демократија ќе достави предлог за гласање недоверба на владата. Во тој случај секаква друга расправа во грчкиот парламент прекинува и почнува претрес по предлогот за недоверба.

Грчките медиуми шпекулираат дека во игра се две сценарија, едното, предлогот да биде доставен денеска, веднаш по завршувањето на расправата и гласањето на новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022 или во петок кога можеби ќе се одржи расправа за договорот.

Shpërndaj me