Грчкиот премиер Алексис Ципрас е убеден дека Преспанскиот договор ќе биде ратификуван во грчкото Собрание без какви било проблеми, додавајќи дека изборите во Грција ќе се одржат по ратификацијата на договорот, односно во октомври 2019 година. Ципрас истакна дека и покрај несогласувањата со коалициониот партнер, Панос Каменос, има потребно парламентарно мнозинство за ратификација на договорот, дури ова мнозинство би било уште поголемо ако најголемата опозициска партија ќе им дозволеше на своите пратеници да гласаат .

“Договорот ќе помине за една од причина, бидејќи дури и последниот граѓанин почнува да сфаќа дека и покрај тешкотиите и проблемите, овој договор е во полза на земјата, ја подобрува и му дава динамичност. Особено нашите граѓани во северна Грција сфаќаат дека не може Солун да биде економско одморалиште на Балканот, додека им го врти грбот на соседите. ” Изјави, Алексис Ципрас, премиер на Грција.

 

Loading...

Shpërndaj me