Премиерот на Грција, Алексис Ципрас во синоќешното гостување на грчката национална телевизија рече дека парламентот во Атина ќе свика седница за гласање на доверба на владата ако владината коалиција ја напушти помалниот партнер во власта, Независни Грци, пренесува „То вима“.

„Каменос мора до петок јасно да каже дали ја поддржува владата. Ако не, ќе одиме во Парламент и ќе гласаме за доверба на владата“, изјави Ципрас, додавајќи дека во случај да го нема потребното мнозинство, ќе се оди на распишување избори.

Ципрас ги отфрли наводите на владиниот портпарол Ѕанакопулос кој во една прилика рече дека во случај лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, да се повлече од коалицијата, власта ќе продолжи да функционира по моделот на малцинска влада. Односно со поддршка од пратеници коишто не се дел од коалицијата.

Во меѓувреме, пратеникот од Независни Грци, Костас Кацикис, нагласи дека пратениците од помалиот коалициски партнер во власта нема да ја поддржат владата ако во Парламентот биде отворено прашањето за гласање на доверба на актуелната влада предводена од премиерот Алексис Ципрас, пренесува „Катимерини“.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...