Народната банка ја олабави моненатрата политика. Основната каматна стапка е намалена за 0,25 процентни поени и сега изнесува 2,25 отсто. Оваа камата е основа врз која се пресметуваат сите останати камати на кредитите за грашаните и за фирмите. Од Народната банка велат дека намалувањето на каматната стапка е одраз на натамошните поволни движења на девизниот пазар, што упатуваат стабилни очекувања кај бизнисот.

„Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на задржаниот континуитет на поволни движења на девизниот пазар, што упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци“

Според експертите ваквиот чекор на Централната банка е очекуван бидејќи ситуацијата во државата се стабилизира и дава простор за поголема инветсициска активност кај бизнисот. Сепак, велат дека не може да се очекува спектакуларно намалување на каматните стапки за граѓаните и бизнисот. Од тоа зависи понатамошната стабилизација во државата, како политичка, така и економска.

„Рамката што ја дава монетарната политика е позитивна меѓутоа позначајно намалување преку ноќ заради овој потег на Централната банка неможе да се очекува. Главно ако стабилизацијата на економијата продолжи ќе продолжи и тој тренд на намалување на активните каматни стапки севкупно и за корпоративниот и за населението“- рече Маријан Петрески, Унуверзитетски професор.

Македонската економија порасна во последниот квартал лани за 3,7 отсто. Од централната банка велат дека достапните податоци упатуваат на натамошни поволни движења во економијата, при забрзан раст на активноста во индустријата и натамошен раст на прометот во трговијата. Последен пат Народната банка ја намали основната капатна стапка на почетокот на декември минатата година.

Shpërndaj me