Цените на акциите на волстрит втор ден по ред се во опѓање. Економските аналитичари оценуваат ддека таквите трендови се последица на трговскиот конфликт меѓу САД и Кина, кој по сѐ изгледа нема да биде наскоро завршен. Инвеститорите изразија стравување дека трговската војна меѓу САД и Кина може да се претвори во технолошка војна, која, меѓудругото, може да го поткопа растот на продуктивноста во светот.

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се зголемија откако САД го ставија Хуавеј на списокот на компании кои не можат да купат компоненти и технологија од американски компании без дозвола од Владата поради закани за националната безбедност.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...