Енис Барди е на врвот на листата на шпанскиот тим Леванте, каде се наредени играчите кои ја зголемиле својата вредност на фудбалскиот пазар за една сезона. Па, така, на почетокот Барди бил проценет на 4 милиони евра, а сега неговата цена достигнува до 12 милиони во Шпанија. Албанскиот играч од средниот ред досега одигра 1.580 минути, а постигна девет голови. Под водство на новиот тренер, Пако Лопез, Леванте е единствениот тим во Шпанија кој минатата сезона во Ла Лига ја поразил Барселона.

Shpërndaj me